24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈунајтед ја зголеми платата на Гринвуд

Јунајтед ја зголеми платата на Гринвуд

Управата на Манчестер Јунајтед ја зголеми платата на 18-годишниот Мејсон Гринвуд, само осум месеци откако тие го зголемија неговиот приход претходниот пат.

Пред само една година, Гринвуд како јуниор имаше неделна плата од 800 фунти, а во октомври 2019 година клубот ја зголеми платата на играчот на 25.000.

По серијата одлични натпревари и одличниот настап оваа сезона, челниците на клубот од „Олд Трафорд“ решија да му понудат многу подобри услови.

Гринвуд има постигнато 16 гола на 48 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона, а повеќето натпревари ги започна од клупата.

Ако постигне уште еден гол, тој ќе го изедначи клупскиот рекорд на Џорџ Бест, Брајан Кид и Вејн Руни, кои како тинејџери успеаја да постигнат 17 голови во една сезона.

– Мејсон одговори брилијантно на сите барања. Го контролиравме многу добро во однос на минути на теренот, а тој се врати од паузата поподготвен од кога било. Се здоби со неколку килограми мускулна маса, се стекна со значително искуство и самодоверба. Тој беше одличен. Останаа уште два натпревари во Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на Европа, но не се грижам, тој нема да изгори, нема шанси да се случи вакво нешто, рече менаџерот Оле Гунар Солскјер.

Се верува дека Гринвуд сигурно ќе биде на списокот на патници со репрезентацијата на Англија за Европското првенство во 2021 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП