19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКралицата Елизабета одбележува 25.000 дена на престолот

Кралицата Елизабета одбележува 25.000 дена на престолот

Британската кралица Елизабета одбележува 25.000 дена како е на престолот, или 68 години, пет месеци и 12 дена од нејзиното крунисување на 6 февруари 1952 година.

„Ивнинг стандард“ пишува дека кралицата приватно ќе го прослави јубилејот во Виндзор, каде е во самоизолација поради коронавирусот заедно со нејзиниот сопруг принцот Филип.

Оваа недела беше особено важна за кралицата по вчерашната венчавка на нејзината внука принцезата Беатрис и Едоардо Мапели Мози.

Пред 68 години, принцезата Елизабета дознала дека ќе стане кралица додека била на пат за Најроби по смртта на нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести.

Таа тогаш имала 25 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП