19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИкер Касиљас се враќа во Реал Мадрид

Икер Касиљас се враќа во Реал Мадрид

Легендарниот голман на Реал Мадрид и на репрезентацијата на Шпанија, Икер Касиљас по пет години се враќа во Реал Мадрид, а ќе биде советник на претседателот на клубот – Флорентино Перез, јавуваат шпанските медиуми.

Касиљас, кој во февруари објави дека ја завршува кариерата, има повеќе од 700 настапи за Реал Мадрид и 167 настапи во дресот на репрезентацијата на Шпанија, а сега ќе се врати во клубот во кој е легенда. Според Marca, Флорентино Перез, сака да соработува со Касиљас, а и легендарниот голман сака да се врати во својот клуб и прва работа надвор од фудбалскиот терен.

Би требало да има слична улога како Зинедин Зидан кога во 2009 година се врати во клубот од Мадрид. Откако Перез беше назначен за претседател по втор пат, на 1 јуни 2009 година, беше објавено дека Зидан ќе биде негов советник.

Познатиот голман на Мадрид пред пет години го напушти клубот од стадионот Сантијаго Бернабеу и премина во редовите на Порто. Португалскиот клуб ќе го напушти по финалниот натпревар од Купот против Бенфика на 1 август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП