26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНаправени најблиските фотографии до Сонцето(фото)

Направени најблиските фотографии до Сонцето(фото)

Снимени се досега најблиските фотографии на Сонцето, на оддалеченост од околу 77 милиони километри, пишува BBC.

Најблиските снимки досега се благодарение на сончевата орбитарна сонда на Европската вселенска агенција (Solo), која беше лансирана претходно оваа година.

Снимени се мини блесоци наречени „логорски оган“. Тие се милионити дел од гигантските сончеви огнови што можат да се видат со телескопи од земјата.

Засега е нејасно дали овие минијатурни верзии се предизвикани од истите механизми, рече Дејвид Лонг, водечки истражувач во Solo.

Ракета со сателит на Европската вселенска агенција беше лансирана во февруари од Кејп Канаверал. Неговата мисија е да ги открие тајните на динамичното однесување на Сонцето.

Сончевите емисии не само што обезбедуваат светлина и топлина, туку имаат и многу позначаен ефект врз Земјата.

Набиените честички во магнетното поле често ја нарушуваат работата на сателитите, електрониката и радио комуникациите, пренесува BBC.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП