28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСцената од „Сплетки“ прогласена за најдобар момент во историјата на телевизијата(видео)

Сцената од „Сплетки“ прогласена за најдобар момент во историјата на телевизијата(видео)

Сцената во која Делбој Тротер во легендарната серија „Сплетки“ пропаѓа низ отворен шанк е прогласена за најдобар момент во историјата на телевизијата.

Тоа е сцена од епизодата „Yuppy Love“ во која Дел (Дејвид Џејсон) и Тригер (Роџер Лојд Пак) се восхитуваат на две девојки, а во обид да ги освои со својот кул пристап, Дел не забележува дека некој ја кренал штицата на шанкот зад него и, додека се обидува да се потпре на него, пропаѓа во празно.

Второто место во анкетата на „Вирџин медија“, во која учествуваа 2.000 Британци, го зазеде аудицијата на Сузан Бојл во шоуто „Британија има талент“, а третото – сцена од британската серија „Ист Ендерс“ во која ликот Ден Вотс на својата сопруга Енџи ѝ предава документи за развод.

Сцената од „Сплетки“ доби 39 отсто од гласовите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП