19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија: Мала веројатност за враќање на гледачите на трибините на есен

Шпанија: Мала веројатност за враќање на гледачите на трибините на есен

Шпанскиот министер за здравство Сантијаго Ила изјави за радиото Cadena Sur дека се сомнева во можноста за враќање на гледачите на трибините на есен кога започнува новиот шпански шампионат поради опасност од ново зголемување на бројот на заразени со коронавирус.

Раководството на шпанската лига се надева дека гледачите на трибините би можеле да се вратат во септември, дека до ноември бројот на гледачи на стадионите би можел да се зголеми до 50 проценти од капацитетот, и дека во јануари следната година би можеле да играат пред полни трибини.

“Искрено, не гледам како тоа би можело да се случи со оглед на реалната состојба во која се наоѓаме. Видовме дека сè уште постојат некои жаришта на инфекција, но сега за среќа можеме да ги контролираме. Мислам дека враќањето на навивачите би претставувало преголем ризик. Мора да бидеме внимателни со вирусот, а собирањето голем број на луѓе воопшто не се препорачува“, изјави Ила.

Ила ги замоли навивачите на Реал Мадрид, кои во случај на победа вечерва против Вилареал би можеле да обезбедат титула, да се воздржат од прослава надвор на улиците.

„Разбирам што значи да се освои титула, но во моментов сме во контролирана епидемија, а вирусот сè уште циркулира. Во последните денови видовме сцени кои го ставаат здравјето на луѓето во опасност. Ги советуваме луѓето да слават спортски успех дома и под никакви околности да не се собираат на улиците во голем број“, додаде Ила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП