26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAmazon воведува шопинг количка која сама ги наплатува намирниците

Amazon воведува шопинг количка која сама ги наплатува намирниците

Amazon ќе воведе колички за купување кои ќе ги следат работите додека клиентите ги ставаат во нив, а потоа автоматски ќе ги наплатуваат кога од количката ќе ги отстранат кесите со намирници, овозможувајки им да ги прескокнат редовите на каса, пренесува CNBC.

Компанијата, новата Dash количка ќе ја претстави во својата нова продавница во Лос Анџелес, која би требало да се отвори оваа година.

Клиентите мора да имаат Amazon сметка и паметен телефон за да ги користат овие услуги.

Сите колички ќе бидат опремени со камери, сензори и ваги, а додека клиентите додаваат и отстрануваат предмети, дисплејот на предната страна на корпата ја прилагодува вкупната цена.

Компанијата ќе им наплаќа на клиентите преку кредитна картичка која е поврзана со нивната сметка на Amazon и преку имеил ќе испраќа копија од сметката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП