20 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАApple ја продолжува соработката со Samsung

Apple ја продолжува соработката со Samsung

aps sam

Според информациите кои пристигнуваат од  јужнокорејските медиуми, „Apple“ сепак нема во целост да се раздели со „Samsung“, туку напротив ќе порачаат од овој технолошки гигант да ја произведува следната генерација на чипови за нивните мобилни уреди.

„Samsung“ ќе ги произведува процесорите „A9“ за „Applе“ во својот 14-нанометарски производен процес кој би требало да биде подготвен во текот на 2015-та година. Па така може да се очекува американската компанија овие чипови да започне да ги користи во нивниот уред „iPhone 7“ кој е најавен за таа година.

Јужнокорејската компанија и досега произведуваше чипови за „Apple“, вклучувајќи го и моментално актуелниот „A6“ кој се користи во „iPhone 5“. Но според последните информации „Apple“ најверојатно ги намалил своите порачки за чиповите на „Samsung“ се со цел да ја намалат зависноста од нив и да си осигураат поголем број добавувачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП