Тренерот на Ливерпул, германскиот стратег Јирген Клоп потврди дека уште неколку сезони ќе биде на чело на клубот од „Енфилд“.
„Што се однесува до плановите за блиска иднина, сакам уште 4 години во Ливерпул. Потоа, не сакам да работам ништо една година, односно да правам јас што сакам. После тоа може некој клуб, репрезентација“ – изјави Клоп за германски „SWR”.
Многумина сметаат дека клупата на селекцијата на Германија би била голем предизвик за Клоп кој во Ливерпул е од есента 2015 година.
„На крајот на кариерата дефинитивно ќе се вратам во Германија, најверојатно во Мајнц, го сакам, тој е за мене идеалното место за живот“, порача Клоп.