25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСЗО: Малку е веројатно дека короната може наскоро да се искорени

СЗО: Малку е веројатно дека короната може наскоро да се искорени

Малку е веројатно дека коронавирусот во скоро време ќе биде искоренет, изјави претставникот на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан.

„Во моментов, вирусот е малку веројатно дека ќе биде елиминиран. Постојат многу посебни опкружувања во кои тоа може да се случи, како што се островските држави, но дури и тие ризикуваат повторно да го увезат вирусот“, изјави Рајан синоќа пред новинарите во Женева.

Тој потсети на примерот на Данска, која речиси го искорени вирусот, но тој повторно дојде од странство.

„Значи, секогаш постои ризик“, изјави Рајан, пренесува Reuters.

Од СЗО денес порано соопштија дека нивните експерти патувале во Кина за да организираат истрага за потеклото на новиот коронавирус кој ја предизвика глобалната пандемија.

Двајца научници на СЗО ќе работат со нивните кинески колеги за да го утврдат обемот и насоката на истрагата, изјави портпаролката на СЗО, Маргарет Харис претходно денес на брифинг за новинари во Женева.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП