27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКралот на инстаграмот со неговата женска екипа ужива во Сплит(фото)

Кралот на инстаграмот со неговата женска екипа ужива во Сплит(фото)

Дан Билзериан, милионерот познат во јавноста по провокативните фотографии што ги објавува на својот инстаграм профил, пристигна на Јадранот. Тој, кој исто така е нарекуван “кралот на инстаграмот” затоа што на својот профил споделува фотографии од својот “раскалашен” живот, од луксузни автомобили, бројни девојки, луди забави и луксузен живот.

Плејбојот и милионер Дан (39) сега се пофали на својот инстаграм профил, на кој го следат скоро 32 милиони луѓе, дека пристигнал во Хрватска на одмор.

Па тој објави фотографии на кои се гледа како дошол со приватен авион, а потоа можете да видите слики од луксузен апартман, јахта, голема група на жени … Тој ја фатил една од убавиците во танга како облака панталони, а потоа и фотографија на Сплит.

Мултимилионерот не откри колку атрактивни пријателки зел на одмор, но видеото покажало вкупно три.

Билзериан во 2009 година учествувал во World Series of Poker и се појавил во шест епизоди на телевизиската емисија која го емитуваше натпреварот.

Дан дополнително го зголеми своето богатство кога го основаше Victory Poker, онлајн страница за игри со карти и како и секој сестран милионер, се проба во глумата, во филмот Olympus Has Fallen. Страствениот колекционер на оружје, е познат и по тоа дека на 30-годишна возраст доживеал дури три срцеви удари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП