25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРеализиран музичкиот проект „Скопје во три бои“ – со порака за...

Реализиран музичкиот проект „Скопје во три бои“ – со порака за продолжување на соживотот

Сплет од музички изведби на макеодонска, ромска и турска музика, ја  потврди сплотеноста на народите кои живеат на исто парче земја, како еден завет да се продолжи тој соживот засекогаш.

Со прекрасните звуци од традиционалните инструменти, надополнет со вокална изведба, беше исполнет музичкиот проект, концертот „Скопје во три бои“, со кој беше отворено овогодинешното 41 издание на „Скопско  лето“,во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, вчеравечер,во Сули ан, во Старата скопска чаршија.

Со програма, подготвена да ја претстави секоја култура, до ора и избор на новокомпонирани народни песни, на фолк пејачот Душко Георгиевски, кој се јавува во улога на вокален изведувач и флејтист. Воедно, со маестралноста во изведбите на повеќе музички инструменти, на Бајса Арифовска, а надополнето со мајсторството на ударни инструменти на Ратко Даутовски, потоа Емил Адамски, кој свири на кавал и акустичен бас и Благоја Алачки на гитара.

За фолк пејачот Душко Георгиевски, овој концерт значи продлабочување на врските со неговите драги сограѓани, како поттик за сите, да продолжиме да се почитуваме и да градиме убав соживот.

„Среќен сум што во мојот музички опус испеав и ромски и турски песни, и како уметник со ова давам можеби мал придонес, од музички аспект, но голем во зацврстување на културните врски меѓу нас“, вели Георгиевски.Бајса Арифовска, пак, овој проект го доживува како голема животна порака  и потсетување  за еднаквоста која треба да ги поврзува луѓето и создавање на еден поубав свет, кој треба да е реален, а не само музички.

„Скопје во три бои“, покажа дека убавината е во различностите на културата и традициите и нивното прифаќање, како спој во едно мултиетничко живеење. Тоа е најсилната врска која може да ги спои граѓаните, а музиката е тука, да ја одигра големата улога, да допре до срцето, да го потсети на својата припадност, велат изведувачите.Воедно, со гордост, да ги разбие стереотипите за некаква поделеност и да покаже дека животот  за сите може да се случува на едно место. Така се создадоа и овие три бои,  преку музичкиот концерт, на задоволство на публиката, како потсетување за  еден соживот, како вредност што треба да се негува, печат на заедничкото живеење.

Музичкиот проект Концерт ,,СКОПЈЕ ВО ТРИ БОИ’’ финансиски беше  поддржан од Град Скопје, од програмата за манифестации од јавен интерес од областа на културата.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП