28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДвејн Џонсон - "The Rock" е најскапо платениот „инфлуенсер“ на Инстаграм

Двејн Џонсон – “The Rock” е најскапо платениот „инфлуенсер“ на Инстаграм

Холивудската ѕвезда Двејн Џонсон – “The Rock” е најскапо платениот Инстаграм „инфлуенсер“, според податоците на британската компанија за маркетинг на социјалните мрежи – “Хопер ејч-кју”.

За една спонзорирана објава, американскиот глумец добивал и над милион долари. Со тоа тој ја надмина и најмладата милијардерка во светот – Кајли Џенер, чиишто тарифи достигнуваат околу 986.000 долари за објава. Следни на списокот најплатени „инфлуенсери“ се фудбалерот Кристијано Роналдо, супермоделката Ким Кардашијан, пејачката Аријана Гранде, Селена Гомез, Бијонсе, Џастин Бибер и Тејлор Свифт, како и фудбалерот Нејмар.

Листата е создадена по разговори со славните личности, како и со компаниите. За одредувањето на цените се користат јавно достапни информации.

Меѓу спонзорите на “The Rock” се технолошкиот гигант Епл, производителот на спортска опрема Андер Армор и норвешкиот бренд за пакувана вода – Вос, каде што глумецот има свој удел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП