недела, 3 јули 2022
ПочетнаЕКОНОМИЈАДизни на врвот на американскиот боксофис

Дизни на врвот на американскиот боксофис

Дизниевите „Зоотопија“ и „Одмаздници“ се искачија на врвот на американскиот боксофис четири и шест години по премиерното прикажување.

Додека новите холивудски филмови се ставени во мирување или стенд-бај со околу 80 проценти од киносалите затворени ширум земјата среде пандемија на коронавирус, старите филмови се подигаат кон врвот.

Дизни владее на бокс-офисот со анимираниот „Зоотопија“ од 2016 година на првата позиција и „Одмаздници“ од 2012 година на втора. Оскаровецот „Зоотопија“ минатиот викенд заработи приближно 280,000 долари, а „Одмаздници“ 260.000 долари, според „Дедлајн“.

„Зоотопија“ освои Оскар за најдобар анимиран филм и заработи над 1 милијарда американски долари во кино благајните ширум светот во текот на првото прикажување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП