
Претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу не е задоволен од играта на напаѓачот Антоан Гризман. Според „АС“, шефот на каталонскиот клуб е разочаран од перформансите и проблемите на Французинот од адаптацијата во тимот, па тој ќе биде подготвен да ја разгледа опцијата за продажба на фудбалерот.

