26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗлатни правила: 10 работи кои успешните луѓе ги прават за време на...

Златни правила: 10 работи кои успешните луѓе ги прават за време на викендот

Со денови го чекаме викендот, а кога ќе пристигне најчесто се случува тогаш да извршиме повеќе работни задачи отколку во работните денови. Проверете што советуваат експертите, и на кој начин треба да го поминете вашиот викенд.

Лаура Вандеркам, автор на книгите “What the Most Successful People Do Before Breakfast” и “What the Most Successful People Do on the Weekend”, вели дека успешните луѓе знаат дека во викендот лежи „тајното оружје“ за успех во кариерата. За да бидете подготвени за понеделник, деновите за одмор треба да ве освежат, а не да ве заморат и разочараат.

Применете ги овие совети и започнете да се чувствувате подобро:

1.Посветете го вашето време на семејството – вашето внимание посветете го на вашето семејство, на вашите деца или родители, изненадете ги со нешто убаво и направете ги среќни.

2.Вежбајте – Ова е совршена прилика да го разбистрите умот и да развиете нови идеи.

3.Разбудете ги страстите – Успешните луѓе викендот им го посветуваат на работите кои им се важни и кои ги забавуваат, но и на активностите кои воспоставуваат животна рамнотежа. Паметно е дел од времето да го потрошите на работите за кои немате време во текот на неделата, а кои се вашата страст.

4.Одморете се  Заборавете на работата, обврските и задачите кои се пред вас, едноставно одмарајте и уживајте.

5.Исклучете се – Избегнете го мобилниот телефон. Големо олеснување е доколку мобилниот го оставите дома и излезете на пошетка.

6.Направете план – Планирањето ги прави луѓето повеќе ефикасни, а ако тоа го сторите за време на викендот во понеделникот ќе бидете повеќе продуктивни.

7.Дружете се – Луѓето по својата природа се социјални суштества. Единката се чувствува повеќе среќна кога е во одредено друштво, затоа за време на викендот дружете се со своите пријатели и чувствувајте се среќно.

8.Запознајте нови луѓе – Успешните луѓе стекнуваат нови пријателства секојдневно, а тоа не е случајно, луѓето ви создаваат повеќе можности.

9.Размислете – Еден дел од времето издвоете го за мониторниг на самите себе, размислете за својот живот и за постигнатите резултати.

10.Медитирајте – На човекот понекогаш му е потребен мир и ништо друго.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП