26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа јадранското крајбрежје: Дали е ова најубавиот природен базен на светот?(фото)

На јадранското крајбрежје: Дали е ова најубавиот природен базен на светот?(фото)

“Grotta della poesia” е исполнето со солена морска вода со убава сина боја што главно гo привлекува локалното население.

“Grotta della poesia” или преведено од италијански “пештера на поезијата” се смета за еден од најубавите природни базени во светот.

Станува збор за бездна во форма на јајце во карпите на италијанското село Рока Векија на јадранскиот брег, помеѓу градовите Лече и Отранто.

Легендата вели дека на ова волшебно место на работ на “италијанската чизма” некогаш се капела една убава принцеза на која поетите и ги посветувале своите најубави стихови, по што и го добил името овој природен базен.

“Grotta della poesia” е исполнето со солена морска вода со убава сина боја што главно привлекува луѓе од Италија. Мештаните одат таму за да се освежат во текот на летото, скокаат од карпите високи пет метри и нуркаат во зачудувачка околина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП