19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтоичков: Рикелме не успеа во Барса поради идиотот Ван Гал

Стоичков: Рикелме не успеа во Барса поради идиотот Ван Гал

Аргентинскиот ас, Хуан Роман Рикелме не успеа да се снајде во редовите на Барселона поради еден човек – Луј ван Гал, смета легендата на клубот, бугаринот Христо Стоичков.

Стоичков гостувајќи во радио-емисија зборуваше за убавината на фудбалот што го играат Лео Меси и Рикелме.

Рикелме во Барселона стигна во 2002 година од Бока, но за каталонскиот клуб одигра само триесетина натпревари.

Стоичков го има и одговорот зошто Аргентинецот не остави свој печат на „Ноу Камп“.

„Затоа што имаше идиот за тренер, како што е Ван Гал. Тој направи и доста добри работи, но поради неговите глупости, многумина страдаа“, рече Стоичков.

Бугаринот помина 7 сезони во Барса и освои 15 трофеи.

„Рикелме не успеа поради начинот на кој Холанѓанецот сакаше тој да игра. Направи сјајна кариера потоа, посебно во Вилјареал. Уживав во неговата игра во првата сезона во Барселона, голови, додавања“ – рече Стоичков.

По авантурата во Барса, Аргентинецот одигра одлично во Вилјареал, па се врати во Бока каде настапуваше цели 7 години, па во 2014-тата кариерата ја заврши во Аргентинос јуниорс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП