6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАВо Шкотска е отворена електрана која работи на виски

Во Шкотска е отворена електрана која работи на виски

viski

Вискито е единствената работа по која Шкотска е позната, а во регионот „Speyside“ овие денови е отворена електрана која работи исклучиво на виски.

Регионот кој е познат по бројните дестилерии, доби електрана која ќе произведува 8.23 MW електрична енергија која ќе биде доволна за 9.000 домаќинства. Но главното гориво за електраната ќе биде биомасата која е спореден производ во производството на виски.

По пуштањето во работа и тестирањата, електраната вредна 60.5 милиони фунти и официјално започна со работа. Таа исфрла 46.000 тони помалку CO2 во однос на слична електрана која работи на јаглен, а се очекува и дополнителна заштеда поради тоа што ќе ја замени и електраната на плин.

Компанијата „Helius“ има во план да изгради уште неколку вакви погони и со тоа покрај заштедата, значително ќе се заштити и животната средина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП