25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБуфон го брка рекордот на Манчини

Буфон го брка рекордот на Манчини

Голманската легенда Џанлуиџи Буфон вечерва ќе го брани голот на Јувентус во финалето на италијанскиот Куп против Наполи. 42 годишниот голман е во потера по рекордот на Роберто Манчини кој шест пати во кариерата го освоил Купот на Италија.

Буфон досега во кариерата пет пати го освоил италијанскиот Куп. Сите трофеи ги освоил како играч на Јувентус.

Манчини четири пати Купот го освоил со Сампдорија, а два пати со Лацио, исто така тој четири пати победил во Купот и како тренер: два пати со Интер и по еднаш со Фиорентина и Лацио.

На листата на играчи со најмногу трофеи во Купто на Италија се наоѓа и најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев.

Членот на Џенова во кариерата пет пати се радувал на трофејот во Купот еднаш со Лацио и по два пати со Интер и Наполи.

Покрај Пандев пет трофеи во Купот имаа Дејан Станковиќ, Франческо Толдо, Ромео Бенети, Бруно Конти, Стефан Лихштајнер, Џизепе Фавали и Фаусто Салсано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП