20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку трошат ЕУ членките за култура?

Колку трошат ЕУ членките за култура?

Во 2018 година, членките на Европската унија издвоиле во просек по 1 процент од државниот буџет за култура. Латвија издвојувала најмногу, додека најголем раст во трошењето пари на тој сектор забележала Унгарија, објави Eurostat.

Учеството на културата во државните буџети на државите членки на ЕУ остана релативно стабилно и учествувало со 1 процент од државниот буџет секоја година од 2013 до 2018 година.

Меѓутоа, постојат големи разлики меѓу самите членки на ЕУ во однос на висината на износот.

Латвија забележала најголем удел на културата во буџетските расходи (2,8 проценти), а потоа следат Унгарија (2,7 проценти) и Естонија (2,4 проценти).

Најниско учество е забележано во Грција (0,3 проценти), Кипар (0,5 проценти), во Италија и Португалија (двете по 0,6 проценти).

Во повеќето земји во последните пет години промените во овој поглед се релативно мали.

Главниот исклучок била Унгарија, каде учеството на културата во буџетот се зголемил од 1,5 проценти на 2,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП