26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПред откажување на игрите, би требало да се разгледа ново одложување

Пред откажување на игрите, би требало да се разгледа ново одложување

Членот на Организацискиот комитет на Олимписките игри во Токио, Харауки Такахаши, во разговор за јапонскиот спортски весник Nikkan Sports изјави дека наместо да се откажат од игрите, доколку ситуацијата со пандемијата од коронавирус не се подобри, прво треба да се разгледа новата опција за одложување.

Во март оваа година, Меѓународниот олимписки комитет (MOO), во соработка со јапонската влада, одлучи да ги одложи игрите за една година, а претседателот на MOO, Томас Бах, во меѓувреме, изјави дека игрите ќе бидат откажани доколку не можат да се одржат ниту во 2021 година.

Но, Такахаши верува дека таквата одлука би имала големи финансиски импликации.

„Јапонската, како и светската економија ќе бидат тешко погодени од откажувањето на игрите. Мислам дека треба да се земе предвид уште едно одложување пред откажување“, изјави Такахаши.

Претседателот на Организацискиот комитет, Јоширо Мори изјави пред четири дена дека откажувањето на игрите досега не била тема на разговори со MOO.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП