25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБарање за паричен надоместок до ФИФА поднеле 441 фудбалер

Барање за паричен надоместок до ФИФА поднеле 441 фудбалер

Фудбалерите од клубовите во стечај ќе добијат помош од ФИФА. Вкупно 441 фудбалер поднеле барање до Светската асоцијација за паричен надоместок. Тоа се играчи кои имаат заостанати плати, а нивните клубови банкротирале и не можат да ги затворат долговите, објави ФИФА на Твитер.

81% од апликантите претставуваат европски клубови.

ФИФА ќе продолжи да прифаќа апликации преку Меѓународната федерација на Здружението на професионални фудбалери.

ФИФА и ФИФПро создадоа меѓународен фонд кој ќе одвои пари за играчи чии клубови банкротирале и не им исплатиле плати на фудбалерите. Почетокот на исплатите е на 1 јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП