27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЛеново отвора фабрика во САД

Леново отвора фабрика во САД

lenovo-2

Голем број американски компании го преселија своето производство во Кина. Меѓутоа сега се појави многу интересна вест дека Леново има во план дел од своето производство да го пресели токму во САД.

Реномираниот „Bloomberg“ објави дека кинескиот компјутерски гигант ќе отвори фабрика во Северна Каролина која ќе и помогне на компанијата своите уреди побрзо да ги достави до американските корисници. Според експертите американската фабрика ќе дава поголеми плати отколку во кинеските фабрики, но дека ќе заштедат на увозот на компоненти, односно сите компоненти нема да бидат произведени во Америка што во овој момент пазарно и финансиски е неизводливо.

Потсетуваме дека „Apple“ најновиот „Mac Pro“ ќе го произведува во САД, додека „Google“ покрај своите очила покажа интерес за зголемување на производството на своите уреди во Америка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП