25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИсланд на туристите им нуди две недели бесплатно тестирање од коронавирус

Исланд на туристите им нуди две недели бесплатно тестирање од коронавирус

Исланд, како популарна туристичка дестинација, планира на сите странски туристи да им понуди бесплатно тестирање на коронавирус во текот на последните две недели во јуни.

Исландската влада неодамна објави дека патниците во Исланд од 15 јуни по влегувањето во земјата ќе мора да изберат дали сакаат да бидат подложени на тест или да одат во 14 дневен карантин.

Во меѓувреме, официјалните лица изјавија дека тестот ќе биде бесплатен во наредните две недели, а потоа ќе наплаќаат 113 долари. Децата нема да мора да бидат тестирани.

Исланд на почетокот ќе може да тестира 500 туристи на ден, но за неколку недели се очекува зголемување на 4.000 тестови на ден.

Во таа држава досега се пријавени над 1.800 заразени со коронавирус, 10 лица починаа од последица на оваа болест, а во моментот активни се само три случаи.

„Сакаме да го зачуваме напредокот кој го постигнавме дури и кога туристите ќе започнат да доаѓаат кај нас“, изјави главниот епидемиолог на Исланд, Торолфур Гуднасон.

Исланд од 15 јуни ќе дозволи пристигнувања од ЕУ, Велика Британија, EFTA и Европската економска зона (ЕЕА).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП