1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFoxconn ги заменува луѓето со роботи

Foxconn ги заменува луѓето со роботи

roboti

Тајванската компанија „Foxconn Technology Group“ моментално е најголемиот производител на електронски компоненти во светот, а во својата работа користи преку 20.000 роботизирани компоненти.

Со оглед дека тенденцијата на натамошно зголемување на платите во Кина, за компанијата од преку милиони вработени ова претставува идеално решение за значајна заштеда. Изработката и тестирањата на роботите траеше околу три години, равојот и натаму продолжува со развој на специјални компоненти кои ќе се користат за составување на идните паметни телефони.

Но засега тие ќе продолжат да ја користат човековата снага на која и натаму може да се потпрат кога е во прашање производството на мали и софистицирани технолошки уреди, се додека роботите не го достигнат потребното ниво.

Според извршниот директор на компанијата, тие ќе продолжат со развојот на технологијата и очекуваат да употребуваат милиони роботи во производните погони, додека луѓето ќе работат како техничари и инженери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП