20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОва не би смееле да го правите со средство за дезинфекција на...

Ова не би смееле да го правите со средство за дезинфекција на раце

Среде пандемија од коронавирус, дезинфекциското средство за раце, стана “течно злато”. Се чини дека никогаш не било поважно често да ги миете рацете и да ги дезинфицирате работите кои секој ден ги допирате. Но, без оглед на тоа колку пати сте го користеле, се обложуваме дека и вие сте направивте една клучна грешка: сте оставиле средства за дезинфекција во автомобил.

Центрите за контрола и превенција на болести (CDC) препорачуваат употреба на средства за дезинфекција кои содржат најмалку 60 проценти алкохол за ефикасно убивање на бактерии. Меѓутоа, средството за чистење на раце на база на алкохол обично содржи етил алкохол кој „испарува на собна температура“. Значи, ако премногу долго го оставите во топла средина – како возилото – топлината ќе ја намали количината на алкохол, која е активна состојка која убива бактерии и вируси. Така, средството за чистење на раце во основа ќе стане неефикасно.

„Дефинитивно е проблем ако оставите средство за чистење раце во автомобил со денови или недели“, изјави д-р Грег Бојс, вонреден професор на Катедрата за хемија и физика на Универзитетот Florida Gulf Coast.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП