26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНБА ќе ги игнорира лесните дроги

НБА ќе ги игнорира лесните дроги

НБА лигата ќе продолжи на 31 јули. Во Орландо ќе се соберат 22 екипи и ќе го завршат регуларниот дел од сезоната, а потоа најдобрите 16 ќе ја започнат борбата за титулата.

НБА ги подготвува протоколите кои ќе важат за завршницата на сезоната која ќе се игра во изолација. Секој ден од САД се појавуваат интересни вести, а последните се поврзани со тестовите за допинг, односно какви ќе бидат процедурите доколку некој од учесниците го напушти Орландо.

„НБА и Асоцијацијата на кошаркарите се договориле дека тестовите за забранети супстанци ќе бидат обврзувачки, но лигата нема да ги казнува оние кои ќе бидат позитивни на лесни (рекреативни) дроги“.

Во исто време доколку некој кошаркар или учесник на завршницата своеволно го напушти Орландо, по враќањето ќе мора да биде десет дена во каранатин, а ќе му биде дозволено да го напушти карантинот кога ќе покаже два негативни теста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП