28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛегенда: Никогаш не победил, игра тенис 26 години

Легенда: Никогаш не победил, игра тенис 26 години

Италијанскиот тенисер Енрико Бекучи нема забележано победа во кариерата која трае веќе 26 години.

„Wall street journal“ го нарече Бекучи „Легендата на челинџерите“.

Италијанецот открил дека нема да се повлече додека не победи некого.

„Играм само за таа една победа, само една. Кога ќе ја забележам ќе се повлечам“.

Бекучи има 47 години, тенис игра од 1994 година. одиграл 270 мечеви и на сите бил поразен. Овој тенисер игра и сингл и дубл, последниот пораз го доживеал во дубл, во Анталија.

„Започнав касно да играм, кога имав девет години. Се вљубив во тенсот кога татко ми му купи дрвен рекет. Растев со Лендл, Мекинро, Виландер, Конорс и со генијот Гилјермо Вилјас. Тенисот е мојата страст. Започнав да се натпреварувам на 21 годишна возраст. Знам дека тоа е касно но целта е иста, сакам да победам“, рекол тенисерот од Пиза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП