20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМанчестер сити е лидер во Премиер лигата во трошење за трансфери последните...

Манчестер сити е лидер во Премиер лигата во трошење за трансфери последните пет години

Новинарот на „Sunday World“, Кевин Палмер ги рангираше клубовите во Премиер лигата во однос на нето трошоците за трансфери во последните пет години користејќи податоци од „Transfermarkt.co.uk“.

На оваа листа води Манчестер сити со 601,98 милиони фунти потрошени за засилувања во последните пет години.

Втор е Манчестер јунајтед со 484,88 милиони, а третиот – Арсенал со 267,88 милиони.

На првите 5 се најдоа и Евертон (225,42 милиони) и Брајтон (214,86 милиони).

Ливерпул, кој е лидер во тековната сезона, се наоѓа само на 14-та позиција (107,58 милиони) – меѓу Челси (115,57 милиони) и Тотенхем (106,62 милиони).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП