Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Калиопи фан арт го доби својот победник

Време: 09:03

Датум: јуни 3, 2020

Категорија: ЕКОНОМИЈА

По неколкумесечното онлајн дружење и натпреварување го добивме Grand Prix добитникот на годинaшниот Калиопи Фан Арт – креативен онлајн натпревар. По пребројувањето на гласовите од наградените, креативниот тим и стручното жири на Kaliopi Fan Art, во тесна „трка“, но со најмногу гласови, Grand Prix наградата ја доби Викторија Милошевиќ од Смедерево, Србија. Наградата носи “Викенд во Македонија и дружење со Калиопи”.

Целиот натпревар Kaliopi Fan Art траеше три месеци. Во текот на март и април пристигнатите креации и натпреварувачи беа презентирани на социјалните мрежи на Калиопи при што беа избрани завршните финалисти кои се натпреваруваа за многубројните (во слично возбудлив контекст ) награди во неколку категории.

Покрај Grand Prix доделени беа и награди за прво, второ и трето место во категориите вокален кавер, инструментален кавер, танц, цртање и најоригинално видео, а беа доделени и награди од стручното жири за оние најмладите како и за оние кои дадоа посебен придонес и на свој начин го обележаа Kaliopi Fan Art. Наградите, на покажано задоволство на сите, се со широк спектар – онлајн часови по пеење со Калиопи и вокални и инструментални гостувања на нејзини концерти, учество во нејзин видео спот, изработка на идејно решение за кавер на сингл, изложба во рамки на нејзин голем концерт, отварање изложба на слики, гостување на музичка работилница, посета на Калиопи во нивните градови како и ВИП карти за нејзини концерти и запознавање со неа…

Во текот на изминатите три месеци, додека светот беше во изолација и доживуваше нешто за прв пат во својата историјата, Kaliopi Fan Art поврза во светла дружба голем број натпреварувачи од целиот свет и следбеници на уметноста на Калиопи на социјалните мрежи и стана место каде што сите тие делеа радост, позитивна енергија и надеж за подобро утре. Стана место каде што се зближија различни генерации од различни земји, но со исти инетереси, сплотени низ песна, инструменти, танц, цртежи и видеа изразувајќи ги своите таленти  и давајќи си меѓусебна подршка. Во моментите кога сите беа принудени да седат дома, цели фамилии се здружија во поддршката на своите представници во натпреварот во кој сите се добри во својата приказна. Калиопи со овој многуслоен чин на взаемна почит и љубов кон музиката и уметноста воопшто, и сега верува дека успеа да ја пренесе пораката и големата животна мотивација дека најважна е вербата во себе и во своите соништа.

“Kaliopi Fan Art го направив за да го одржам контактот со мојата публика и да им дадам зрак светлина во ова време на општа криза. Воедно моите фанови преку овој проект да ги изразат своите креативни вештини и таленти. И иако сме на далечина, музиката повторно да не спои и обедини во едно. Честитки од срце до сите учесници, наградени, како и на мојот тим кој неуморно работеше на овој проект”, изјави Калиопи.

“Искрено, не очекував дака ќе победам бидејќи сите натпреварувачи вложија голем труд и ги покажаа своите таленти на различни начини. Многу сум среќна и возбудена заради главната награда и таа ми дава уште поголем поттик да го работам тоа што го сакам, сфатив дека не треба никогаш да се откажувам, дека треба да верувам во себе и да работам на себе. Им се заблагодарувам на Калиопи и на нејзиниот тим, што ми дадоа снага и мотивација да се трудам и да ги следам своите соништа. Не очекував но добив голема подршка не само од родителите, професорите, другарите, туку и од луѓето од мојот град, а и пошироко. И би им се заблагодарила на сите за ова преубаво искуство и се надевам дека и останатите натпреварувачи на овој начин го доживеаја овој натпревар”, изјави Викторија Милошевиќ добитник на Grand Prix наградата.

  • Линк од прогласувањето и изјавата на добитникот на Grand Prix наградата:
    https://youtu.be/vIqklfd0Hbk

 

  • Линк до видеото со изјавите на добитниците на сите КФА награди:
    https://youtu.be/B5NHbrttrYI

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Нови 168 заразени со Ковид-19, тројца починати, 70 оздравени пациенти

    Нови 168 заразени со Ковид-19, тројца починати, 70 оздравени пациенти

    Во последните 24 часа се направени 1.470 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-83, Куманово-8, Дебар-2, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-26, Струга-5, Битола-2,…

  • Италијанците јадат премногу риба

    Италијанците јадат премногу риба

    Европејците во просек консумираат 23 килограми риба годишно по глава на жител, а Италијанците уште повеќе, 29 килограми годишно. Овие бројки Светскиот фонд за природа…

  • Дали знаете што е М – циклус?

    Дали знаете што е М – циклус?

    Силната амбиција, јакиот карактер и самодовербата се заеднички карактеристики на повеќето високо образовани жени во светот. Тие знаат што сакаат, веруваат дека  можат, и ги…

  • Наместо да загуби, Елон Маск заработи над 50 милиони по спогодбата со регулаторите

    Наместо да загуби, Елон Маск заработи над 50 милиони по спогодбата со регулаторите

    Акциите на Tesla кои основачот Eлон Мaск ги купи во 2018 година за 20 милиони долари, за да ја плати казната која му ја изречекла Комисијата…

  • Грција ги тестира скоро сите патници на граничниот премин со Бугарија

    Грција ги тестира скоро сите патници на граничниот премин со Бугарија

    Грчкото Министерство за здравство ги интензивираше тестовите за коронавирус на граничниот премин Промахонас на грчко-бугарската граница, која служи како главен влез за патниците од другите…

  • Ангеловска со видео отчет за сработеното во изминатите 10 месеци

    Ангеловска со видео отчет за сработеното во изминатите 10 месеци

    Ангеловска дојде на функцијата министер за финансии пред 10 месеци. Во видеото кое го објави денес на својот Фејсбук профил во кое дава ретроспектива на…

  • Словенците купиле речиси половина од недвижниот имот на хрватското крајбрежје

    Словенците купиле речиси половина од недвижниот имот на хрватското крајбрежје

    Словенечките државјани купиле 9.439 недвижности во Хрватска од 2013 година, кога земјата влезе во ЕУ, покажуваат податоците на хрватската даночна администрација. По Словенците следуваат германските…

  • Регионално истражување: Брзина, едноставност и практичност на најголемата предност на бесконтактното плаќање

    Регионално истражување: Брзина, едноставност и практичност на најголемата предност на бесконтактното плаќање

    Вкупното користење на бесконтактниот начин на плаќање со Visa картичките во нашата земја порасна за 113 проценти во однос на март минатата година, а 86…

  • „Победата дојде“ – во болницата во Бергамо нема пациенти со Ковид-19 во одделот за интензивна нега(видео)

    „Победата дојде“ – во болницата во Бергамо нема пациенти со Ковид-19 во одделот за интензивна нега(видео)

    Во болницата „Папата Јован“ во Бергамо, Италија, нема повеќе пациенти со коронавирус на одделот за интензивна нега, 137 дена откако бил примен првиот пациент. Овој…

  • На работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка

    На работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка

    Министерот за здравство Венко Филипче денеска појасни за кои вработени се однесува уредбата со која на работа треба да се вратат родителите кои имаат деца…