23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Шкотска пронајдена фосилизирана стоногалка, најстарото познато копнено животно

Во Шкотска пронајдена фосилизирана стоногалка, најстарото познато копнено животно

Фосилизирано суштество слично на стоногалка е откриено во Шкотска и може да претставува најстарото познато копнено животно, скромен пионер на животот на Земјата пред 425 милиони години.

Научниците велат дека фосилот е од периодот силур, откриен е на островот Керера од шкотските Хебриди и е наречен кампекарис обаненсис (kampecaris obanensis). Ја населил областа покрај езерата и се хранел со растенија што се распаѓаат.

Фосилот на најстарото растение со дршка, наречено куксонија, исто така е пронајден во истата област.

Иако кампекарис е најстарото копнено животно за кое се знае од фосилите, се верува дека му претходеле црви, веројатно пред 450 милиони години, изјави палеонтологот Мајкл Брукфилд од Универзитетот во Тексас, главен автор на студијата објавена во списанието „Хисторикал бајолоџи“.

Кампекарис, долг приближно 2,5 сантиметра, личи на сегашните стоногалки, но е припадник на истребен вид, кој не е предок на денешните стоногалки. Нозете на кампекарис не се зачувани на фосилот.

Тој бил членконожец, припадник на широка група безрбетници, која вклучува инсекти, пајаци и стоногалки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП