20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Италија оваа година 500.000 луѓе ќе ја изгубат работата

Во Италија оваа година 500.000 луѓе ќе ја изгубат работата

Во Италија, во текот на 2020 година, околу 500.000 луѓе ќе ги загубат своите работни места поради кризата со вирусот COVID-19.

Стапката на вработеност во таа земја од периодот пред пандемијата ќе се врати на исто ниво дури во 2023 година, според проценката на италијанската национална агенција за активни политики на пазарот на трудот ANPAL.

Од околу половина милион работни места, кои ќе бидат укинати оваа година, се очекува околу 50 проценти да бидат отворени во 2021 година.

Во Италија, која има повеќе од 60 милиони жители, пред кризата со коронавирус имало вработени вкупно 23,4 милиони. Италија, со околу 33.000 жртви на вирусот COVID-19, се соочува и со тешки економски последици од најдолгата блокада во Европа, од која после околу два и пол месеци излегува со постепено започнување на бизнисите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП