26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Ролан Гарос сакаат гледачи на трибините

Во Ролан Гарос сакаат гледачи на трибините

Подобрувањето на состојбата со епидемијата од коронавирус ги исполнува со оптимизам организаторите на Ролан Гарос. Не размислуваат веќе за тоа дали ќе се одржи септемврискиот тениски турнир или не, туку дали ќе можат да го изведат тоа со гледачи.

Во Ролан Гарос веруваат дека постои голема веројатност дека љубителите на овој спорт ќе најдат и место на трибините, но со придржување кон правилата за социјална дистанца.

„Не сакаме турнир со празни трибини. Сигурен сум дека на трибините ќе има гледачи, колку што може да се има“, изјави генералниот директор на Француската тениска федерација (FFT), Жан-Франсоис Вилоте.

FFT веќе има формирано работна група во која учествуваат претставници од Министерството за спорт и надворешни работи, здравствените власти, како и водачите на Ролан Гарос.

„Целта е да имаме гледачи, ако ни е дозволено. Меѓутоа, можеме да го организираме турнирот и зад затворени врати“, додаде Вилот.

Парискиот грен слем би требало да започне на 20 септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП