23 јуни, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто појадокот е важен за здраво срце

Зошто појадокот е важен за здраво срце

Резултатите од едно американско истражување покажуваат дека лицата кои не појадуваат имаат 27 отсто поголем ризик од срцеви заболувања и дека подеднакво е важно кога и што се појадува и во колкаво количество се конзумира појадокот.

Во истражувањето за зачестеноста на конзумирање храна, на 26.902 испитаници на возраст меѓу 46 и 82 години во текот на 16 години го следеле влијанието на појадокот врз зголемувањето на ризикот од кардиоваскуларни болести.

Резултатите од студијата покажале дека оние кои не појадувале имаат 27 отсто поголем ризик од срцев удар или смрт од кардиоваскуларни болести.

Исто така, испитаниците кои вечерале во подоцните ноќни часови имале 55 проценти поголем ризик од кардиоваскуларни проблеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП