19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПипен: Уживав во кошарката кога Џордан се повлече

Пипен: Уживав во кошарката кога Џордан се повлече

Скоти Пипен признал дека уживал во кошарката кога до себе го немал Мајкл Џордан. Омилен период во кариерата му бил периодот кога Ем-Џеј прв пат објави крај на кариерата. Во 1992 година Пипен доби шанса да биде лидер на Чикаго Булс.

„Тогаш најмногу уживав. Да не бидам разбран погрешно, уживав кога играв со Мајкл, но кога него го немаше добив шанса да го предводам тимот. Тоа ми помогна да разберам каде сум во однос на останатите супер-ѕвезди во лигата“, рекол Пипен.

Во првата сезона без Џордан Булс ј завршија со 55 победи и 27 порази. Во таа сезона Пипен постигнувал во просек по 22 поени по натпревар, но Чикаго во плеј-офот испаднаа од Њујорк Никс.

Џордан се врати во Чикаго кон крајот на 1995 година, а од 1996 ги предводеше Булс до нови три титули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП