28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе им се забрани на играчите да се расправаат со судиите

Ќе им се забрани на играчите да се расправаат со судиите

Во Италија беше издадена чудна забрана, предизвикана од пандемијата од коронавирус. Според протоколот во Серија „А“, според кој првенството ќе биде обновено, на играчите им е забрането да се расправаат со судиите за време на натпреварите.

Уште нешто друго станува јасно, а тоа е дека резервните играчи на екипите ќе бидат лоцирани не на клупите, туку на трибините.

Според „Ил Темпо“, протоколот составен од владата и Серија „А“ е долг 36 страници.

Како што се очекуваше, маскотите на екипите, фотографиите пред натпреварите, како и ракувањето се строго забранети.

Споровите со судиите исто така нема да бидат дозволени, бидејќи играчите не можат да им пристапат на службените лица на оддалеченост од помалку од 1,5 метри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП