19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈувентус започна преговори за Погба

Јувентус започна преговори за Погба

Раководството на Јувентус започна преговори со агентот на Пол Погба – Мино Рајола за негово можно враќање од Манчестер Јунајтед.

Играчот од средниот ред никогаш не ги криеше своите топли чувства кон гигантот во Торино, па дури има и извештаи дека Погба се кае за неговиот мултимилионски трансфер од „старата дама“ на „Олд Трафорд“ во 2016 година.

За услугите на играчот од средниот ред интерес покажаа и Реал Мадрид, Барселона и Париз Сен Жермен, но во моментов не се подготвени да ги исполнат неговите финансиски барања, што го прави Јувентус фаворит за потпишување.

Во исто време, се очекува Миралем Пјаниќ и Адриен Рабио да го напуштат италијанскиот гигант, со што се отвора простор за Погба.

За време на претходниот престој во Јувентус, Погба запиша 178 натпревари во кои постигна 34 голови и направи 40 асистенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП