19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп се закани дека трајно ќе го замрзне американското финансирање на СЗО

Трамп се закани дека трајно ќе го замрзне американското финансирање на СЗО

Американскиот претседател, Доналд Трамп се закани дека трајно ќе го замрзне американското финансирање на Светската здравствена организација (СЗО).

Трамп му порача на генералниот директор на СЗО, Тедрос Адхан Гебрејес, дека ќе ги суспендира средствата доколку СЗО не се посвети на значителни подобрувања.

„Ако СЗО не се посвети на значителни подобрувања во рок од 30 дена, ќе ја променам привремената суспензија на финансирањето на СЗО во постојана мерка и ќе го преиспитам нашето членство во организацијата“, твитна Трамп.

Американскиот претседател објави и фотографии од писмото до шефот на СЗО.

https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1262577580718395393

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП