Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,992.58 0.36%    GRNT 970.00 -0.51%    KMB 5,848.81 -0.02%    MPT 67,498.00 -0.04%    RMDEN15 99.00 0%    RMDEN18 98.70 0%    STB 1,064.15 0.6%    TNB 16,200.00 -2.99%    TTK 1,180.00 -2.88%    UNI 2,015.00 -2.92%    UNIPO 101.50 -0.29%    

Мет Дејмон доаѓа во Србија да снима филм на тема коронавирус

Време: 11:12

Датум: мај 15, 2020

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Еден од најплатените актери во светот, Мет Дејмон (49), би требало наскоро да дојде во Србија, а причината е снимањето на филм чија тема е инфекција со страшниот вирус.

Кога беше прогласена пандемијата на коронавирус, филмот „Зараза“ на Стивен Спилберг, инаку снимен во 2011 година, доживеа експанзија.

Темата на филмот е вирус кој потекнува од Кина и убива луѓе ширум светот.

Многумина рекоа дека сцените од филмот се идентични со сцените за кои сведочат луѓето во 2020 година.

Се вели дека пандемијата на коронавирус ја инспирирала филмската екипа да снима продолжение, а добар дел од филмот треба да се снима на Балканот.

„Продолжението на филмот ’Зараза’ најверојатно ќе почне да се снима на крајот од 2020 година, поточно во декември. Со оглед на тоа што последиците од коронавирусот во првите неколку месеци во Европа се многу сериозни, продуцентот и режисерот решија да не го снимаат вториот дел од филмот во Америка, туку во одредени делови на Европа, претежно во Италија, а одредени сцени ќе се снимаат во Белград, но и во Црна Гора“, вели извор за „Ало“.

„Имајќи предвид дека голем број странски филмови се снимаа во српската престолнина и дека имаат искуство во работењето со нашиот народ, тимот што работи на проектот ’Зараза 2’, кој е работен наслов, реши без размислување одредени сцени да се снимаат во Белград. Тимот од првиот дел од филмот ќе се појави на сетот, а главен актер ќе биде Мет Дејмон, чиј лик беше имун на вирусот во првиот дел од филмот“, заклучува изворот.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Меси не тренира со Барса веќе втор ден

    Меси не тренира со Барса веќе втор ден

    Лионел Меси веќе некое време не е дел од заедничките активности на Барселона, јавуваат шпанските медиуми. Денес, како и во средата, капитенот на „Лос Кулес“…

  • Ангеловска-Бежоска учествуваше на 43. средба на Клубот на гувернерите

    Ангеловска-Бежоска учествуваше на 43. средба на Клубот на гувернерите

    Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска учествуваше на 43. средба на Клубот на гувернерите на централните банки од Централна Азија, Црноморскиот Регион и Балканот, која…

  • Денар анализа: Граѓаните враќаат огромни камати на државните кредити!

    Денар анализа: Граѓаните враќаат огромни камати на државните кредити!

    По издавањето на седмата еврообврзница вредна 700 милиони евра, Денар анализираше – колкав јавен долг има Македонија, кога доспеваат за враќање натрупаните стари долгови, и…

  • Скопје, Куманово, Штип, Тетово и 12 околни општини во 80-часовен карантин, останатите со дневни рестрикции

    Скопје, Куманово, Штип, Тетово и 12 околни општини во 80-часовен карантин, останатите со дневни рестрикции

    Од синоќа во 21 часот тече 80-часовниот полициски час за граѓаните на сите општини во градот Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и…

  • Червар: Металург се „дограбиле“ до некои пари

    Червар: Металург се „дограбиле“ до некои пари

    По потврдата дека Златко Хорват потпишува за Металург, прекинувајќи ја 25-годишната соработка со ППД Загреб, иако клубот му понудил едногодишен договор, се јави и хрватскиот…

  • Бугарија воведе 14-дневен карантин за лица што влегуваат од Македонија

    Бугарија воведе 14-дневен карантин за лица што влегуваат од Македонија

    Бугарското Министерство за здравство издаде наредба со која се воведува 14-дневен задолжителен карантин за лица кои во државата влегуваат од Македонија. Со истата наредба се…

  • Сончево и ветровито, попладне со услови за дожд

    Сончево и ветровито, попладне со услови за дожд

    Претпладне сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта…

  • Во Хрватска скоро 50.000 луѓе останаа без работа поради пандемијата

    Во Хрватска скоро 50.000 луѓе останаа без работа поради пандемијата

    И покрај мерките на владата на Андреј Пленковиќ за зачувување работните места, во Хрватска без работа во првите два и пол месеци од коронакризата останаа…

  • Германија гради алијанса со три држави поради вакцина: “Едно од најитните прашања”

    Германија гради алијанса со три држави поради вакцина: “Едно од најитните прашања”

    Германија и уште три земји членки на Европската унија градат нова алијанса, која има за цел да обезбеди пристап до вакцини против коронавирус, веднаш кога…

  • Двајца починати и 120 нови случаи на коронавирус во Македонија

    Двајца починати и 120 нови случаи на коронавирус во Македонија

    Две лица починаа од коронавирус во последните 24 часа во Македонија, а регистрирани се 120 нови случаи, што е една од најголемите бројки на нови…