26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголемата ракометна фамилија, КЛ7, со роденденска порака за капитенот Кирил Лазаров(видео)

Најголемата ракометна фамилија, КЛ7, со роденденска порака за капитенот Кирил Лазаров(видео)

Кога рекордерите се рекордери со години, тогаш се историја, тој е историја родена пред 40 години на денешен ден во Велес. Тргна од Свети Николе стигна до Нант, а некаде помеѓу му се оствари детскиот сон наречен Барселона.  Тој не игра тој живее ракомет.

Со неговиот ракометен сон живеат и 1000 деца од школата за ракомет КЛ7 низ Македонија, кои преку видео пораки на капитенот на машката ракометна репрезентација и најдобриот ракометар роден во Македонија, Кирил Лазаров му го честитаа 40 роденден.

Во видеото се и сите младински селекции на КЛ7, играчите од РК “Голден Арт КЛ7” и соработниците на Лазаров. Најголемата ракометна фамилија КЛ7 својата роденденска порака составена од преку 120 видеа ја завршува со зборовите:
“СРЕЌЕН РОДЕНДЕН НАШ НАЈДОБАР, ТЕ САКА ТВОЈА КЛ7 ФАМИЛИЈА”

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП