20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ"На прав пат сме кон развој на лек против COVID-19"

“На прав пат сме кон развој на лек против COVID-19”

Германските лекари постигнаа голем успех во потрагата за лек против коронавирусот, бидејќи успеаа да го докажат постоењето на антитела кои го спречуваат вирусот да навлезе во клетките.

„Ова е јасен напредок кој покажува дека сме на вистинскиот пат кон развој на лек против COVID-19“, објасни Лука Цицин Саин од Центарот за истражување на инфекции Helmholtz, во Брауншваиг.

Весникот Braunschweiger Zeitung наведува дека Цицин Саин и неговиот тим анализирале 6.000 различни вештачки изработени човечки антитела.

Во таа прилика, тие пронашле повеќе од 750 антитела кои се “закачуваат” на коронавирусот, што е предуслов за успешна борба против него.

Сега ќе се тестира ефикасноста на антителата

Целта на научниците е да пронајдат лек со кој сериозно болните пациенти би можеле да бидат акутно лекувани.

„Принципот на кој работиме е т.н. пасивна имунизација“, објасни Стефан Дибел од техничкиот универзитет во Брауншваиг.

Потрагата по најдобар кандидат за антитела за подоцнежен лек треба да продолжи до средината на јуни, изјави Томас Ширман од биотехнолошката компанија Jumab, која е вклучена во проектот.

Целта на научниците е до есен, првите пациенти со COVID да може да се лекуваат со нивниот лек.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП