25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНеверојатна трансформација на англиската пејачка Адел (фото)

Неверојатна трансформација на англиската пејачка Адел (фото)

Адел во вторникот сподели фотографија во комплетно ново издание по неверојатното губење на 45 килограми, пренесуваат британските таблоиди.

Во една од ретките објави на Инстаграм, англиската пејачка со раскошен глас стои блескајќи во дворот на нејзината куќа зад џиновски цветен венец, а на себе има тесен црн мини фустан, спремна за прослава на својот 32. роденден.

„Ви благодарам за роденденската љубов. Се надевам дека сите сте безбедни и здрави за време на ова лудо време “, напиша суперeрѕвездата под фотографијата.

Нејзина пријателка сподели фотографии од нив додека се забавуваат во Вегас.

За драматичната трансформација на Адел заслужна е диетата со внесување 1.000 калории на ден и редовно вежбање, вклучувајќи и пилатес.

Нејзината нова фигура, исто така, е делумно резултат на диетата Sirtfood, која вклучува режим со растителни производи, како куркума, кељ, леќа и зелен чај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП