26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДали е паметно во овој период да трчате на отворено?

Дали е паметно во овој период да трчате на отворено?

Докторката Прија Александер вели дека одговорот е да, во случај да не сте во изолација поради остварен контакт со некој кој е потврден со коронавирус или постои сомнение дека е заразен затоа што сте се вратиле од патување. Исто така, важно е да трчате во подрачје на кое и понатаму нема луѓе.

„Трчањето е одлично за менталното и физичкото здравје, особено сега“, изјави таа за популарното списание Men’s Health.

„Ако не сте во самоизолација и немате симптоми на коронавирус, внимавајте да нема луѓе околу вас и трчајте. Јас би го охрабрила тоа, но клучно е да ги избегнувате другите луѓе и да не трчате во парови. Тоа е одлична активност за телото и умот“, додава др. Александер.

Според упатствата, две лица во затворен простор мора да имаат растојание од најмалку два метри, а на отворено метар.

Секако, преземете ги сите мерки на претпазливост ако се одлучите да истрчате неколку круга на свеж воздух. Избегнувајте и понатаму допирање на било каква површина и измијте ги рацете веднаш штом дојдете дома.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП