20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRolls-Royce подготвува големо отпуштање на работници

Rolls-Royce подготвува големо отпуштање на работници

Rolls-Royce, наводно, размислува за намалување на својата работна сила за скоро 15 проценти, бидејќи компанијата е тешко погодена од последиците на пандемијата од коронавирус.

Според Financial Times (FT), производителот на авионски мотори ја разгледува можноста да укине и до 8.000 работни места, бидејќи неколку големи производители на авиони веќе им понудиле на своите работници доброволно заминување од фирмата за да се приспособат на се намалената побарувачка за патувања со авион за време на пандемијата.

Не се очекува менаџментот на компанијата да објави конечни бројки за намалување пред крајот на мај, бидејќи преговорите со синдикатите на работниците штотуку започнаа, меѓутоа, според FT, повикувајќи се на извори од компанијата, конечната бројка најверојатно ќе биде поголема од 5.000 изгасени работни места.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП