2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle отвора своја апликација за видео конференции

Google отвора своја апликација за видео конференции

Google денес го најави лансирањето на својата бесплатна апликација за видео конференции Google Meet пред пошироката јавност, откако успехот на Zoom ги поттикна Microsoft и Facebook да ги подобрат своите понуди за време на пандемијата од коронавирус.

Оваа платформа за видео конференции во наредните недели постепено ќе биде проширена за пошироката јавност, а условот е поседување на сметка на Google, gmail.

Google Meet досега беше наменет за професионални корисници, што е околу шест милиони бизниси и организации кои користат G-Suite.

„Ова е несомнено прв пат Google да лансира на потрошувачите производ, кој првично беше наменет исклучиво за компании“, изјави Хавиер Солтаро, шеф на G-Suite, за France Presse, и додавајќи дека “обично се работи на поинаков начин”.

Како и другите платформи за видео повик, користењето на Google Meet експлодираше од март, поради воведувањето на мерки за изолација во борбата против коронавирусот.

Сите компании кои ги поставуваат овие апликации за видео конференции инсистираат на безбедност, но кај  Zoom доаѓало до проблеми кога луѓето од страна се вклучувале во состаноци на кои не се поканети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП