18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБред Пит се маскираше во моментално најпопуларниот Американец и го исмеваше Трамп(видео)

Бред Пит се маскираше во моментално најпопуларниот Американец и го исмеваше Трамп(видео)

Познатиот актер Бред Пит во емисијата „Сатрдеј најт лајв“ се маскираше како доктор Ентони Фаучи, советникот во Белата куќа за борба против пандемијата на коронавирус, откако самиот Фаучи изјави дека би сакал Бред Пит да го глуми.

Д-р Фаучи стана еден од најомилените Американци откако започна пандемијата на коронавирус.

Актерот ги анализирал и исмевал изјавите на американскиот претседател, Доналд Трамп, кои ја разбрануваа американската и светската јавност.

Поточно, минатата недела Трамп предложи заболените од „Ковид-19“ да се лекуваат со инјектирање на средства за дезинфекција, предизвикувајќи јавен бес и осуда од светската здравствена заедница, а по таа изјава, во САД се забележани голем број лица кои барале лекарска помош поради труење.

„Кога претседателот вели дека секој може да биде тестиран, тоа всушност значи – никој“, вели Бред Пит во улогата на д-р Ентони Фаучи.

Тој се осврна и на изјавата на Трамп дека вирусот еден ден по некое чудо ќе исчезне.

„Чудо би било супер, кој не сака чуда. Но, чудото не треба да биде план А“, рече актерот.

Што се однесува до изјавата за лечење на коронавирус со средства за дезинфекција, Бред ги покрил очите со дланка, велејќи:

„Знам дека не треба да го допирам лицето. Сега можам да очекувам отказ“.

На крајот од видеото, тој ја симнал периката и им се заблагодарил на Фаучи и на сите лекари кои вложуваат големи напори во борбата против коронавирусот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП