1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon воведе термички камери за мерење на температура

Amazon воведе термички камери за мерење на температура

Компанијата Amazon во складиштата во Велика Британија инсталирала нови термички камери, со помош на кои се скенираат вработените, со цел да се откријат симптоми на коронавирус.

Камерите работат така што се споредува температурата на телото на лицата кои ги скенираат со температурата на предметите околу неа.

Таа технологија е побрза од термометрите кои се користени пред тоа, објави BBC.

Коронавирус е откриен во повеќе од 50 магацини на Amazon во САД, а вработените тврдат дека социјална дистанца е невозможна во тие магацини.

Светската здравствена организација претходно предупредуваше дека прегледите на температурата за коронавирусот можат да бидат лажно позитивни и дека не се толку сигурни кај луѓето кои се асимптоматски носители на вирусот.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП