2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд двор во живо Елтон Џон со епската песна - I’m still...

Од двор во живо Елтон Џон со епската песна – I’m still standing(видео)

Виртуелниот концерт „Еден свет: Заедно дома“, што се емитуваше во живо викендов, имаше многу впечатливи настапи и обраќања на селебрити-личности, а една од најсветлите точки на вечерта беше неверојатната изведба на Елтон Џон на неговата песна I’am still standing („Сè уште стојам“).

Безвременсиот хит на сер Џон беше совршен избор во време на пандемија на Ковид-19 да ги инспирира сите да издржат.

Блиските пријатели на сер Џон, Викторија и Дејвид Бекам, го претставија неговиот настап и споделија убава порака со гледачите. Дејвид рече: „Здраво на сите. Одлично е што можеме да ви се придружиме во овој неверојатен настан и да ја дадеме нашата поддршка за глобалната заедница, сите заедно во ова тешко време за нашиот свет.“

Тој продолжи: „Знаеме дека има луѓе кои ризикуваат сè за да бидеме безбедни. Заедно со сите вас сакаме да им искажеме огромна благодарност на нив.“

Потоа се обрати Викторија, која воедно го најави настапот на сер Елтон Џон.

„Нашата благодарност за сите здравствени работници ширум светот кои работат толку напорно, оставајќи ги своите семејства за да одат на работа, да нè заштитат нас и нашите деца, ви благодарам од дното на нашите срца. И сега, големиот настап на ноќта! “

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП