12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWizz Air ја продолжува суспензијата на летовите во земјите од регионот

Wizz Air ја продолжува суспензијата на летовите во земјите од регионот

Нискобуџетниот превозник Wizz Air ја продолжи суспензијата за своите летови на повеќето пазари во поранешна Југославија, поради пандемијата од коронавирусот COVID-19. Превозникот, кој првично планираше повторно да ги започне услугите од регионот на 1 мај, сега ги одложи повеќето летови до средината на мај или почетокот на јуни.

Понатамошни промени остануваат можни.

– Wizz Air искрено се извинува поради нарушувањата кои забраната за патувања би можела да им ги донесе на клиентите и уверува дека безбедноста и благосостојбата на патниците и екипажот се главен приоритет на авиокомпанијата, се вели во соопштението на компанијата.

Авиокомпанијата останува убедена во перспективите за раст по короната и соопшти дека “целосно очекува да ги одржи своите планови за раст на капацитетот во просек од 15 проценти годишно”, пренесува Ex-Yu Aviation.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП